Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски не верува повеќе во СЈО, онолку колку што верувал кога се залагал за негово формирање. Спасовски намалената доверба во Катица Јанева вели дека се должи со последните случувања околу ослободувањето од притвор на осомничени во случаи на СЈО како и бегството на Груевски.
Спасовски не сакаше да даде повеќе детали како Груевски избегал, но одново повтори дека е несреќен случај и грешка на повеќе институции. Спасовски вината не ја гледа во МВР од кое не било побарано да дејствува.
Спасовски овој одговор го даде на новинарско прашање, на денешниот брифинг со врвот на МВР.
Тој зборуваше и за сите предвидени реформи во МВР, најавувајќи ветинг, кој ќе ги опфати сите вработени во оваа институција, односно од чистачка до министер.
Со најавениот ветинг под лупа ќе се стави начинот на кој биле вработени, нивната имотна состојба и напредокот во кариерата.