Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, во интервју за Телевизија 24, зборуваше за важноста на безбедноста во сообраќајот. Тој смета дека за однесување во сообраќајот треба да знаат и децата.
-Во ноември лани 714 сообраќајки, а истиот период годинава 564, има намалување за 20%. 11 луѓе го загубиле животот во тој период во 2019 година, а годинава во ноември 7, намалување има за 36%. За пешаците, ако споредуваме намалување за 75% од пешаци кои загинале во сообраќајки. Правиме сериозна контрола на јавниот превоз. Имаме континуитет. Полицијата на улиците ја посакуваме сите, кажа Спасовски.