„Спречување бегство и лишување од слобода лица сторители на тешки облици на кривични дела” е насловена заедничката оперативно-тактичка вежба на министерствата за внатрешни работи на Република Северна Македонија и на Република Косово, што денеска ќе се одржи во близина на границата меѓу Косово и Северна Македонија.
Како што е најавено, на вежбата ќе присуствува и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.