Македонија 19. април 2019. / 13:42

Спасовски: МВР е подготвено да обезбеди достојна и безбедна атмосфера

Спасовски: МВР е подготвено да обезбеди достојна и безбедна атмосфера

Во недела секој од нас има можност да го искористи своето уставно право, суверено и самосвесно да одлучуваме за нашиот сопствен избор.

Министерството за внатрешни работи, согласно своите надлежности го следи целиот изборен процес, а се со една единствена цел – денот на гласање да мине мирно, непречено и достоинствено како што прилега на едно демократско и слободно општество, се вели во видеопораката на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Во изминатиот период полициските службеници минаа низа плански активности за квалитетно и ефикасно набљудување и обезбедување на севкупниот изборен процес од неговиот почеток до неговиот крај. Министерството за внатрешни работи е целосно подготвено да обезбеди достојна и безбедна атмосфера, во којашто секој наш граѓанин ќе може да си го оствари своето свето избирачко право. Подготвени сме одлучно и бескомпромисно да го превенираме секој обид за нарушување на избирачкиот процес независно каде или од кого. Бидете сигурни дека законите и граѓанската волја ќе бидат целосно испочитувани, порача Спасовски.