Македонија 18. април 2020. / 16:50

Спасовски: Можно е олеснување на мерките по први мај

Спасовски: Можно е олеснување на мерките по први мај

Правиме сериозен план, како и на кој начин после 1 Мај да почнеме да олеснуваме некои од мерките, кои ќе бидат во функција на враќање во нормализација на животот, рече пред малку техничкиот премиер Оливер Спасовски на онлајн стрим на прес-видеосесија, на тема „Ретроспектива: коронавирус МК“.

Во сесијата освен Спасовски учествуваат и заменичката на претседателот на Владата и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, заменикот на претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи и министерот за здравство, Венко Филипче.

– Пандемијата ни го промени животот. Бројот на заразени е она што беше и наше очекување кое имавме за во овој период. Ни беше битно да создадеме услови за работење на здравствените работници. Сметавме дека мерките за физичко дистанцирање даваат резултати, затоа и имаше одлуки за неработење на училиштата, градинките, многу компании не работеа, вклучително и оние во угостителството, туризмот. Тоа беше неопходно. Сите ќе поднесеме дел од товарот од оваа криза, рече Спасовски.

Тој додаде дека ова не е време за било каков профит, сите треба да бидеме насочени кон успешно справување со оваа состојба.

Правиме сериозен план, по 1 Мај да почнеме по малку да ги олеснуваме некои од мерките, кои ќе бидат во функција на враќање на животот во нормала, истакна Спасовски.