Македонија 19. јули 2019. / 12:26

Спасовски: Корупцијата ни ја јаде државата на секој можен начин

Спасовски: Корупцијата ни ја јаде државата на секој можен начин

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, ги повика граѓаните да пријавуваат случаи на корупција. Неговиот повик доаѓа паралелно со аферата „Рекет“ и пријавата која бизнисмен ја поднеле до Јавното обвинителство.

Граѓаните да ги пријавуваат сите случаи на корупција, заеднички да се бориме против криминалот и корупцијата којшто ја јаде Република Северна Македонија на секој можен начин. Ни ги јаде новите работни места, ја јаде и економијата и развојот на Република Северна Македонија!, порача министерот.

Во меѓувреме од Јавно обвинителство соопштија дека и други бизнисмени се одважиле и пријавиле дека биле уценувани од осомничените во предметот „Рекет“.