Премиерот на техничката влада, Оливер Спасовски, најави дека ќе разговара со министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи во врска со поставувањето на таблата каде пишува Република Македонија, за да се запознае со фактичката состојба, а ако увиди дека партиските интереси се ставаат пред државните, ќе преземе мерки.
Почитувањето на Уставот не е желба на било кого. Можете да искажувате ставови до донесувањето на одлуките, но во услови кога постои Устав, за негово почитување нема дебата. Сакам да поразговараме, да ги увидам фактите, но доколку не наидам на разбирање и не видам дека кај било кој министер националните и државните интереси се во прв план, пред партиските интереси, секако дека ќе преземам други мерки, рече Спасовски во изјава дадена денеска во Охрид