Македонија 07. февруари 2019. / 10:09

Спасовски: Ќе расчистиме со криминалците, дури и да се од ДУИ

Спасовски: Ќе расчистиме со криминалците, дури и да се од ДУИ

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, во вчерашното гостување на телевизијата 1ТВ, исткна дека со криминалот ќе се расчистува, без разлика кој го прави.

-Владата нема интерес да не расчисти со криминалот, дури и кога станува збор за коалицискиот партнер ДУИ. – изјави Спасовски.

Министерот не верува дека која било партија се плаши од расчистување со криминалот, дури и во своите редови, затоа што така се јакне демократијата во самите партии и се зголемува довербата кај граѓаните.

Што се однесува за претседателските избори, Спасовски вели дека СДСМ како партија е во процес во кој сите размислуваат каков претседател и е потребен на Република Македонија.

Негова лична желба е да изберат најдобар можен кандидат кој ќе биде и најдобар претседател на РМ.

– Објавен е јавен повик и постапка по месните организации, врз основа на статутот, па кандидатот се бира по процедура која тече. Сакаат низ процес на дебата со членовите да дојдат до најдобриот кандидат. Разговараат во партијата, со коалиционите партнери и се следат анкетите за да се најде кандидат кој би бил прифатлив за сите, затоа што во моментов пред почетокот на процедурата за членство во ЕУ и членството во НАТО важно е да победи европската опција. – вели Спасовски.

По коментарот на Ахмети за консензуален претседател, тој е убеден дека тоа не и е потребно на Македонија затоа што концептот едно општество за сите дава резултати. Според него, претседателот може да биде личноста околу која ќе се обединат граѓаните и сите етнички заедници. Затоа во процесот на избор СДСМ разговара и со другите партии.

– Кога разговараме за консензуален кандидат сите опции се на маса, се прават сите анализи. Има капацитет ова коалиционо мнозинство да најде консензуален кандидат кој може да го поддржат сите. – рече Спасовски.

Вели дека во Владата нема криза, се работи со полн капацитет, а секојдневните проблеми се решаваат низ дијалог.