Македонија 28. мај 2020. / 15:29

Спасовски: Изборите ќе се одржат 22 дена по завршувањето на вонредната состојба

Спасовски: Изборите ќе се одржат 22 дена по завршувањето на вонредната состојба

ремиерот Оливер Спасовски изјави денеска дека изборите ќе се одржат 22 дена по завршувањето на вонредната состојба, без да посочи конкретени датуми, со образложение дека уште се прават анализи дали да се побара продолжување на вонредната состојба.

Компромис со Уставот нема. Уставот е јасен – дека во рок од 60 дена од распуштање на Собранието треба да се одржат парламентарните избори. Ако имаме потреба врз основа на анализите дека треба да се прогласи вонредна состојба уште некој ден за справување со економските последици, тоа ќе го направиме и кога ќе заврши вонредната состојба, по 22 дена ќе се одржат изборите, рече Спасовски.

Тој вели дека Владата до крајот на неделата ќе одлучи дали ќе побара од претседателот Пендаровски да прогласи по четврти пат вонредна состојба која, како што рече, е потребна пред сé за спроведување на економските мерки.

Очекувам дека сите ќе бидат доволно разумни, политички мудри да разберат дека овие парламентарни избори треба да се одржат во моменти кога тоа е можно и врз основа на Уставот и законот и врз основа на оваа здравствена криза, потенцира Спасовски.