„ Во нашата кривично-правна практика омразата како мотив има своја соодветна нормираност, но, не во контекстот на терминолошката дистинкција што ја нуди поимот “фемицид“, кој тргнува од премисата за злосторство врз жената само заради тоа што е жена. Се разбира нашата правна теорија веројатно многу скоро ќе мора, да се произнесе околу содветното кривично-правно третирање на фемицидот, особено од аспект на Истанбулската конвенција што беше ратификувана од страна на македонскиот парламент“ нагласи Спасовски.
Спасовски истакна дека како во поглед на “фемицидот“ така и генерално во поглед на семејното насилство, институциите на системот прават сериозни напори во насока на елиминирање на сите општествени околности, пред се во сферата на економските, образовните, социјалните стандарди, кои што на еден или друг начин имаат негативно влијание врз семејството или врз родовата еднаквост.