Македонија 02. август 2019. / 18:10

Спасовски им се заблагодари на граѓаните кои мирно и достоинствено го прославија Илинден во Крушево

Спасовски им се заблагодари на граѓаните кои мирно и достоинствено го прославија Илинден во Крушево

Министерот за внатрешни работи , Оливер Спасовски се обрати преку видео порака по повод прославата на Илинден во Крушево.

Министерот за внатрешни работи , Оливер Спасовски , честитајќи им го празникот, им се заблагодари на граѓаните кои мирно и достоинствено го прославија Илинден во Крушево.Спасовски особено им се заблагодари на припадниците на Македонската полиција , кои придонесоа за празникот да биде прославен на достоинствен начин , како што долукува на аманетот на Илинденците.