Македонија 16. март 2020. / 09:16

Спасовски: Граѓаните заглавени во меѓуграничните зони тргнаа кон земјава

Спасовски: Граѓаните заглавени во меѓуграничните зони тргнаа кон земјава

Премиерот Оливер Спасовски информира дека сите наши државјани кои беа оставени во меѓуграничната зона меѓу Хрватска и Србија и меѓу Унгарија и Србија се тргнати со конвој кон земјава.

– Сакам да информирам дека нашите граѓани коишто беа останати во меѓуграничната зона помеѓу Хрватска и Србија како и помеѓу Унгарија и Србија безбедно тргнаа во конвој кон  Македонија! Се за граѓаните!, напиша Спасовски на својот „Фејсбук“ профил.