Македонија 03. јануари 2020. / 14:25

Спасовски го доби мандатот за техничката влада

Спасовски го доби мандатот за техничката влада

Во вила Водно пред малку претседателот на државата Стево Пендаровски му го врачи мандатот на Оливер Спасовски да ја формира техничката влада, која што треба да ги организира и спроведе предвремените парламентарни избори.

Спасовски се заблагодари на честа и одговорноста што ја добива како мандатар на преодната влада и најави дека ќе направат се да продолжи напредокот на државата, да има фер и демократски избори и сите институции да продолжат со истата динамика како досега за да има развој на државата.