Македонија 23. февруари 2021. / 12:17

Спасовски денеска ќе поднесе оставка?

Спасовски денеска ќе поднесе оставка?

Причина за оставката на Спасовски е вчерашното бегство на ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, кого полицијата не успеа да го пронајде на домашната адреса за да му го врачи решението за домашен притвор за случајот „Таргет-Тврдина“, пренесува Плусинфо.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, денеска во 13 часот најверојатно ќе си поднесе оставка од функцијата, се шпекулира во партиски кругови.

Причина за оставката е вчерашното бегство на ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, кого полицијата не успеа да го пронајде на домашната адреса за да му го врачи решението за домашен притвор за случајот „Таргет-Тврдина“.

Оставка од првиот полицаец бара и опозициската ВМРО-ДПМНЕ, која обвинува дека институциите уште во саботата во 16 часот знаеле дека постои опасност за бегство на Мијалков, но не презеле ништо.

Спасовски не е достапен за јавноста во текот на вчерашниот и денешниот ден.