Техничкиот премиер Оливер Спасовски достави предлог со кој се бара од пратениците разрешување на министерката Рашела Мизрахи.
– Техничкиот премиер и Владата имаат обврска да обезбедат заштита на Уставот на Република Македонија. Имајќи предвид дека министерката Мизрахи свесно и намерно го крши Уставот и со тоа ја загрозува евроатланската иднина на земјата, Спасовски до Собранието достави предлог за разрешување на министерка за труд и социјална политика, Мизрахи, велат во Владата.
До ваквата разврска доаѓа откако Мизрахи неколкупати се појави на прес-конференција во МТСП пред табла со името Република Македонија.