Советот за безбедност утре на пладне во претседателската вила Водно ќе одлучува за евентуалното продолжување на вонредната состојба. Оваа сабота е последниот ден кога истекува третата, односно двонеделната вонредна состојба што ја прогласи претседателот Стево Пендаровски на 15 мај.
Почнувајќи од 18 март, Педаровски досега донесе три одлуки за прогласување вонредна сотојба. Првите две во времтраење од по 30 дена, а последната од 14 дена.
Одлуките на шефот на државата за прогласување вонредна состојба останаа непотврдени од Собранието, поради тоа што тоа е распуштено.
Првите две одлуки за вонредна состојба беа оспорени пред Уставниот суд, но тој реши дека нема основа за поведување постапка за оценување на нивната уставност и законитост.