Вечерва Советот на јавни обвинители ќе постапува според одлуката на Собранието, која веднаш по гласањето им ја испратил собранискиот спикер Талат Џафери.
Советот на јавни обвинители ќе треба да и ја одземе функцијата на досегашната шефица на Специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева, која е во притвор во Шутка поради нестручно и невнимателно работење во случајот „Рекет“, каде е третоосомничена.
Во текот на денот, пратениците гласаа за да се разреши Јанева и тоа едногласно, со 102 гласа за и без ниту еден против или воздражани.