Македонија 26. јануари 2019. / 16:06

Советникот на Трамп е пуштен со кауција

Советникот на Трамп е пуштен со кауција

Судот на Флорида прифатил со кауција од 250 000 долари да го пуштил на слобода уапсениот соработник на претседателот Доналд Трамп, Роџер Стоун.

Тој бил советник на американскиот претседател во предизборната кампања , Стоун бил уапсен утрово, па ослободен со кауција.

Политичкиот лобиста бил уапсен во рани зори во својот дом во Форт Лодердејл на Флорида и осомничен меѓу другото за давање на лажни изјави и обид за влијание на сведоци во рамките на истрагата на специјалниот обвинител Роберт Мулер за врските на Русија и штабот на Трамп.

Стоун е обвинет по седум точки од обвинението.

Белата куќа соопшти денеска дека апсењето на Стоун не е поврзано со претседателот Трамп.

Американскиот претседател денеска на Твитер напишал дека истрагата на специјалниот обвинител Мулер „е најголемиот лов на вештерки во истроријата на земјата“.

66- годишниот Стоун е шесттиот соработник на Трамп обвинет во рамките на истрагата на Мулер.