На седницата на Советот на општина Ѓорче Петров која што се одржала во вторникот, присуствувал советник од советничката група на СДСМ, кој претходно имал симптоми на КОВИД-19 вирусот, објави Курир.
Според информациите на Курир, тој иако не се чувствувал добро, присуствувал на седницата поради тоа што веќе една од советничките од советничката група најавила нејзино отсуство, а доколку не присуствувал и заболениот од КОВИД-19, немало да може да се изгласаат точките во кои се предвидува ново задолжување на општината од над 1 милион евра.
Имено, се работи за советникот на СДСМ Влатко Цветковски, кој воедно е и координатор на советничката група на СДСМ во Советот на општина Ѓорче Петров.
Според сознанија на Курир, тој имал директен контакт со советниците од нивната советничка група, како и со дел од претставниците на Иницијативата против урбаното дивеење кои присуствувале на седницата, со цел да добијат одговор во врска со спорниот ДУП за СЗ 24 во населеното место Јурија во Дексион.
Целиот текст може да го прочитате на следниот ЛИНК.