Шефот на македонскиот антитерористички тим Јовче Ременски, сопруг на пратеничката Фросина Ременски, ги избришал сите свои коментари на „Фејсбук“, каде индирекно кажува дека од понеделник ќе се случуваат акции на полицијата односно апсења.
Сепак неговите статуси останаа регистрирани од медиумите. Веднаш по првата порака тој дава:
Да не останам недокажан, борбата продолжува и тоа на две нозе со сиот демократски капацитет на располагање со сета жестина и без пренамагање”
Во коментар на една од пораките тој потврдува дека ќе има и „Џандар збира” што во полициски сленг најдиректно значи дека ќе има апсења.
Ова однесување на социјалните мрежи од страна на Јовче Ременски според извори од МВР е погрешно и спротивно на протоколите на министерството за внатрешни работи, поради што против него може да биде поднесена кривична пријава, бидејки тој не смее да комнетира ниту пак да изнесува информации во јавност за предмети кои не се под негова надлежност, а најмалку да најавува апсења.