Македонија 12. септември 2019. / 09:19

Сопругот на Дескоска во промоција на придавката „северномакедонски“: Ќе мора да се навикнеме

Сопругот на Дескоска во промоција на придавката „северномакедонски“: Ќе мора да се навикнеме

Професорот Тони Дескоски, сопруг на министерката за правда Рената Дескска, кој беше дел од македонскиот правен тим кој во 2011 година го доби процесот по грчката тужба пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг, им ја честита победата на северномакедонските фудбалери над летонските.

Во коментар по мечот меѓу Македонија и Латвија, кој заврши 2-0 Дескоски напиша: „Честитки до Северномакедонските репрезентативци за победата над Летонија (Латвија)! Уште и без примен гол!”, а на следбениците на Фејсбук, кои реагираат дека придавката „северномакедонски“ не произлегува од обврските од Преспанскиот договор, Дескоски им објаснува дека ќе мора да се навикнеме, оти така пишувало во Уставот.

Пред потпишувањето на Преспанскиот договор Дескоски предупредуваше дека со промена на името на државата, прифаќаме и промена на идентитетот.

Дескоски е во право, бидејќи решението жителите на Република Северна Македонија да се нарекуваат Македонски, а не Северномaкедонци е политичко, не и природно, логично и во духот на индоевропските јазици кои се зборуваат во поголемиот дел од светот, а секако во Европа, а како наметнато не може да фати корен и да има долг век.