Поранешниот градоначалник на општина Гази Баба и третообвинетиот во случајот „ТНТ“, Тони Трајковски, осум часа поминал во Ургентниот клинички центар во Скопје, пишува 360 степени.
Пациент со тоа име и презиме беше прегледан во текот на синоќешното дежурство, по полноќ. На Клиниката беше задржан за опсервација околу осум часа. Утрово во стабилна состојба беше препратен на Клиниката за максилофацијална хирургија за понатамошен третман“, велат од УК ТОАРИЛУЦ за 360 степени.
„360 степени“ стапи во контакт со сопругата на екс-градоначалникот на Гази Баба, која ни рече дека Трајковски има повреди на лицето, главата и грбот, и дека се наоѓа на Клиниката за инфективни болести.
Во моментов сме на Клиниката за инфективни болести, тој има повреди на главата, лицето и грбот и не може да зборува. Треба да прими тетанус, вели сопругата на Тони Трајковски.
Поранешниот градоначалник на Гази Баба случајот го пријавил и во МВР, синоќа пред полноќ.