Македонија 28. ноември 2019. / 13:49

Сопругата на пратеникот се повлече: Тој не ме тепаше

Сопругата на пратеникот се повлече: Тој не ме тепаше

Марија, сопругата на пратеникот на СДСМ Костадин Ацевски, за кој медиуми јавија дека физички ја нападнал сопругата, во изјава за Плусинфо вели дека не била нападната ниту физички, ниту вербално, па дури дека сопругот никогаш не кренал рака на неа и дека е внимателен.

Ацевски вели дека не го ни повишил гласот кон неа.

Веќе извесно време живееме одвено и таа вчера дојде дома и рече дека сака да остане тука поради децата. Реков дека тогаш јас ќе си одам, а синовите сакаа да дојдат со мене.Тука настана недоразбирањето, по што таа се јави во полиција“, вели Ацевски за Плусинфо

Пратеникот Костадин Ацевски сакал да ги одземе децата од сопругата врз која извршил семејно насилство – дознава Лидер од извори во истрагата.

Како што дознаваме, тоа што тој ги одзел децата и ги однел во непознат правец, била причината поради која тепаната сопруга пријавила во полиција.

Неговата сопруга Марија, денес е недостапна за коментар. Лидер неколку пати се обиде да стапи во контакт со неа, но таа не одговара на на нашите телефонски повици.