Сопругата на претседателот Стево Пендаровски, Елизабета Ѓорѓиевска, ќе биде во избирачки одбор за гласање на лица болни од Ковид-19 и граѓани кои се во самоизолација, објави „СДК“.
Ѓорѓиевска, редовен професор на Стоматолошкиот факултет и раководител на Катедрата за детска и превентивна стоматологија, е избрана по случаен избор како медицинско лице, кое треба да биде дел од избирачките одбори.
На овие предвремени парламентарни избори поради пандемијата на Ковид-19, болните ќе гласаат два дена, така што во понеделник ќе се спроведе гласање за лица позитивни на корона вирус и оние кои се во изолација, додека во вторник ќе гласаат болни и изнемоштени лица.