Македонија 28. ноември 2018. / 00:19

Сопругата на Јанакиески: Донесете го Груевски самиот да одговара за неговото бегство! Не други да одат во притвор поради него…

Сопругата на Јанакиески: Донесете го Груевски самиот да одговара за неговото бегство! Не други да одат во притвор поради него…

Сопругата на екс-министерот Миле Јанакиески, Сања Јанакиески, доцна вечерва се огласи на нејзиниот фејсбук профил откако денеска Апелацискиот суд ја одби жалбата на нејзиниот сопруг за укинувањето на мерката притвор.

Јанакиеска вели дека се работи за политички линч и им порачува на оние кои го притворија Миле Јанакиески да го донесат Груевски за тој да одговара за неговото бегство, а не други да бидат во притвор поради него.

-Политички линч, наместо правда!
Апелациониот суд е должен да одговори:
1. Дали ги пронајдоа сметките на Миле Јанакиески во странство? Каде се тие сметки?
2.Кој ја зборува вистината анонимниот извор на УБК или Претседателот на РМ г-дин Ѓорге Иванов?
3.Кога и каде мистериозниот посредник имал средби со Претседателот Иванов и со Миле Јанакиески?
4.Кој ќе одговара за прекршување на повеќе закони во Република Македонија и Европската конвенција за човекови права и носењето на одлуки спротивни на праксата на Европскиот суд за човекови права?
5. Судот не смее да биде инструмент за одмазда, донесете го Груевски и самот нека одговара за неговото бегство, а не заради него во притвор да лежат недолжни луѓе! – напишаСања Јанакиески на нејзиниот фејсбук профил.