Македонија 06. октомври 2019. / 16:20

Сообраќајка на автопатот Скопје -Тетово: Возачот се здобил со тешки телесни повреди

Сообраќајка на автопатот Скопје -Тетово: Возачот се здобил со тешки телесни повреди

Изутринава во 08.40 часот на автопатот Скопје – Тетово, пред Добарски натпатник, М.К.(25) од Тетово, управувајќи патничко моторно возило „БМВ“, со тетовски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот.

Во незгодата М.К. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Клиничката болница Тетово за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово.