Генералниот претседател на Сојузот на турски невладини организации во Македонија – МАТУСИТЕБ, Емин Хурсев во отворено писмо до Заев реагира затоа што во новата Влада нема да има министер – Турчин.
Фактот дека ниту еден турски министер не е вклучен во списокот со предлози на имињата на министрите кои ќе учествуваат во кабинетот што го објавивте како резултат на преговорите со другите партии по добивањето овластување за формирање влада од страна на претседателот Стево Пендаровски, на крајот на проблематичниот политички процес по предвремените Парламентарни избори одржани на 15 јули 2020 година, длабоко го растажи турското општество што живее во С. Македонија, пишува Хусрев.
Тој додава дека фактот што Турците не се застапени на министерско ниво во владата на оваа мултирелигиозна, мултикултурна и мултиетничка земја предизвикува појава на чувства на исклученост и дискриминација кај Турската заедница во Р. Северна Македонија.
Како што би процениле и Вие, Турците во Р. С. Македонија имаат силна врска со оваа земја и се еден од најважните основни елементи на оваа дрржава. Затоа, турското општество отсекогаш придонесувало за економски развој на земјата, јакнење на социјалната структура, збогатување на културата и обезбедување стабилност и духот на единство што им требаше на државата и нацијата во критичните периоди. Покрај тоа, при преземањето екстремно вредни чекори на меѓународната сцена, како што се членството во НАТО и процесот на интеграција во ЕУ, кои се од големо значење за С. Македонија,Турци кои живеат во ова земја не се двоумеа да направат најдобро и вистинско нешто за нашата земја, се вели во отвореното писмо на Хусрев.
Во период кога стануваме членка на НАТО, како што вели, и се приближуваме кон членството во ЕУ, нашата земја се очекува да ги прифати вредностите на овој сојуз и унија, како и да ги исполни условите за членство.
Сепак, фактот дека на Турците не им биле дадени своите уставни права на потребното ниво за време на процесот на членство во ЕУ на нашата земја и дека турскиот министер нема да биде во идната влада, создава длабока загриженост дека ситуацијата ќе се влоши. Ова несомнено ќе ја засени позитивната атмосфера на членството во НАТО и процесот на членство во ЕУ, смета Хусев.
Тој потенцира дека додека проектот ЕДНООПШТЕСТВО кој претходно беше инициран од Владата на СДСМ, насочен кон заедничка иднина наместо етнички тензии и поставен како цел во процесот на пристапување во ЕУ, се очекува да биде гласот на малцинствата, денес изработи политика што ги исклучува Турците и другите
немнозински етнички заедници во кабинетот, откривајќи голема криза на искреност.
Овој став му наштети на духот на принципот на „правична застапеност“ во Охридскиот рамковен договор, кој гарантира политичка стабилност во С. Македонија на правна основа. Фактот дека и Турците и сите други немнозински етнички заедници, кои не се вклучени во владиниот список на владата, се подложени на неправда и всушност ова открива голема противречност. Во пресрет на членството во ЕУ, Турците се соочија со овој став што ги исклучува сите немнозински етнички заедници, додека чекаа тенденција да ги добијат своите права и да имаат поголема демократија. За прв пат на Турците во Р. С. Македонија, кои отсекогаш ја преземаа улогата „мост“ и секогаш имаат конструктивна улога во односите помеѓу Република С. Македонија и Република Турција, која е првата земја што ја призна независноста на Република Македонија, објаснува генералниот претседател на МАТУСИТЕБ.
Според Хусрев оваа тема не треба да стане предмет на агенда во билатералните односи помеѓу Р. С. Македонија и Република Турција која отсекогаш се грижи за своите сонародници низ целиот свет. Турците кои живеат во Р. Северна Македонија претпочитаат да бидат фактор што развива и ги интензивира врските помеѓу овие две земји, а не проблем што го успорува секое прашање на односите Турција – Р. С. Македонија.
Од Сојузот на турските невладини организации во Македонија – МАТУСИТЕБ, вели, како најголема, најорганизирана и најинклузивна институција на Турската заедница од областа на граѓанското општество, се надеваат дека ќе се разгледа оваа одлука пред да биде формирана владата, да се земат предвид нанивните чувствителности и грижи што ги споменаа во писмото и да преземат соодветни активности за релевантните прашања.