Македонија 11. април 2020. / 13:11

Социјалните служби не ги провериле макјата и синот од Велес поради корона вирусот

Социјалните служби не ги провериле макјата и синот од Велес поради корона вирусот

Мајката и синот од Велес кои беа најдени мртви на 6 април, последен пат соседите ги виделе на кратко на почетокот на јануари, кога ги платиле месечните сметки за влезот од зградата каде живееле, пренесува „Сакам да кажам“.

Синот е виден исто така на почетокот од јануари, кога бил во Центарот за социјални работи на Велес да обнови документи дека треба да користи материјална помош и нега. Објаснуваат дека станувало збор за многу коректна странка, помалку плашлива, која не зборувала многу.

Од Центарот за социјални работи велат дека последен пат ги провериле лани, а годинава не ги провериле поради епидемијата на корона вирус.

-По поднесувањето на документите треба да извршиме проверка во наредните месеци. Но бидејќи започнаа случувањата со коронавирусот, не одиме да посетуваме странки. За ланската 2019 година е извршена проверка кај ова лице. Јавноста треба да знае дека по опожарувањето на станот во 2018 година дадена им е еднократна материјална помош. Тогаш им беше понудено старицата да биде згрижена во дом а синот во здравствена институција, но тие одбија, бидејќи биле материјално обезбедени а тоа го потврдија и со потпис на документ, велат за порталот од Центарот за социјални работи од Велес.

Според обдукцијата, тие починале во јануари, а кај жената е најден корона вирус во дишното стебло, како што кажа вчера министерот за здравство Венко Филипче.

Целиот текст можете да го прочитате на порталот „Сакам да кажам“.