Македонија 15. февруари 2019. / 12:12

Сочувство од претседателот на унгарскиот Парламент до Џафери поради несреќата

Сочувство од претседателот на унгарскиот Парламент до Џафери поради несреќата

Претседателот на унгарскиот Парламент, Ласло Ковер денеска испрати писмо со сочучство до претседателот на Собранието, Талат Џафери поради сообраќајната несреќа на автопатот Скопје-Тетово, во која загинаа 14 лица, а 39 се повредени.

-Ја споделуваме тагата со роднините и пријателите на жртвите, додава тој.

Телеграма со слична содржина му испрати и шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто на неговиот колега, Никола Димитров.

Изразувам длабоко сочувство до оние кои ги загубија блиските во сообраќајната несреќа. Нашите мисли и молитви се со жртвите и нивните семејства во овие тешки времиња и им посакуваме целосно и брзо закрепнување на повредените, се наведува во писмото на Сијарто.