Македонија 14. јануари 2020. / 09:35

Собраниска комисија ќе расправа за загадувањето на воздухот

Собраниска комисија ќе расправа за загадувањето на воздухот

Припадниците на собраниската Комисија за транспорт, врски и екологија денеска треба да расправаат по Информацијата за енормното загадување на амбиентниот воздух во државата, поднесена од 16 пратеници од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

– Над 3.500 лица во државава годишно умираат како резултат на загадениот воздух и сме меѓу првите на листата каде што се скратува животниот век на граѓаните поради преголемата загаденост. Според Индексот на квалитет на воздухот, највисоко ниво на загаденост со честички ПМ 10 и ПМ 2.5 каде што има мерни станици се Скопје, Тетово, Гостивар, Кичево, Битола, Кавадарци, Струмица и Куманово – стои во информацијата од пратениците.