Македонија 08. октомври 2019. / 13:09

Собраниска делегација во посета на францускиот Парламент

Собраниска делегација во посета на  францускиот Парламент

На покана од Бертран Сор, претседател на Групата за пријателство Франција – Македонија на Националното собрание на Француската Република, делегација на Собранието на Република Македонија од денеска до 10 октомври е во возвратна работна посета на Националното собрание и Сенатот на Француската Република.

За време на посетата, како што соопшти собраниската прес-служба, делегацијата ќе оствари средби со Летисија Сен Пол, потпретседател на Националното собрание, со Групата за пријателство Франција-Македонија, со собранискиот етичар, со Сабин Тије, претседател на Комисијата за европски прашања, со Бертран Деле, претседател на парламентарниот ТВ канал, со Миреј Клапо, потпретседател на Комисијата за надворешни прашања на националното собрание, со Марта де Сидрак, претседател на Интерпарламентарната група за пријателство Франција – Западен Балкан на Сенатот на Француската Република, со Критиан Камбо, претседател на Комисијата за надворешни прашања, одбрана и вооружени сили на Сенатот, со Ронан Венец, шеф на Бирото за билатерални односи со Балкан во Генералната дирекција за трезор во Министерството за економија и финансии и со други личности од политичкиот живот во Француската Република.

Овие средби, како што стои во соопштението, ќе послужат за размена на искуства од парламентарното работење, проширување и збогатување на соработката како меѓу нашето Собрание и Францускиот Парламент, така и меѓу Република Македонија и Француската Република.