Собранието го усвои текстот на нацртот на амандманот 35 на Уствот, кој се однесува за утврдување на неповредливоста на границите со соседните држави.
Во 35. нацрт-амандман ќе стои „Републиката го почитува суверенитетот, територијалниот интегритет и политичката независност на соседните држави”.
По гласањето Собранието продолжи да расправа по 36 предлог нацрт-амандман за Уставот. Четвртиот и последен се однесува на иселениците и во него Републиката да ги штити правата и интересите на своите државјани кои живеат или престојуваат во странство и ги унапредува нивните врски со татковината, a оти притоа нема да се меша во суверените права на други држави и во нивните внатрешни работи.
По оваа изгласувањето на нацрт – амандманите и завршувањето на оваа фаза, Владата како предлагач на измените треба да организира јавна расправа, по што ќе следува третата и последна фаза од уставните измени, кои се прават во согласност со Договорот од Преспа.