Македонија 08. февруари 2019. / 14:48

Собранието го изгласа новиот состав на Антикорупциска

Собранието го изгласа новиот состав на Антикорупциска

Со 65 гласа „за“, 10 воздржани и ниту еден против, Собранието на Република Македонија ја донесе одлуката за именување на претседател и членови на Државната комисија за спречување на корупцијата.

Билјана Ивановска ќе биде нов претседател на оваа Комисија, а за членови избрани се: Владимир Георгиев, Софка Пејовска Дојчиновска, Катица Николовска, Нури Бајрами, Билјана Ивановска, Горан Трпеноски и Шемши Салаи.