Македонија 11. јуни 2019. / 13:35

Собранието ги констатира оставките на Груевски и Богоевски

Собранието ги констатира оставките на Груевски и Богоевски

Собранието на Република Северна Македонија денеска во рамки на 102. седница ја констатираше оставката од функцијата пратеник на поранешниот премиер Никола Груевски.

Груевски е осуден на казна затвор за случајот со набавката на Мерцедесот, кој неколку пати оваа Влада го има користено.

На денешната седница беше констатирана и оставката на пратеникот Павле Богоевски, која тој ја најави на седницата на Комисијата за деловничко-мандатно и имунитетни прашања пред отворањето на точката на дневен ред за одземање на мандатот на Груевски.

Богоевски поднесе оставка по скандалот со нарачката на кокаин.

По ова треба да заседава Државната изборна комисија која треба да ги предложи следните два кандидати кои ќе ги наследат Груевски и Богоевски.