Македонија 30. јули 2018. / 17:30

Собранието донесе одлука на 30 септември да се одржи референдум за името кој ќе биде консултативен

Собранието донесе одлука на 30 септември да се одржи референдум за името кој ќе биде консултативен

Собранието на Република Македонија со 68 гласови „за“ и без „против“ и „воздржан“ попладнево донесе одлука на 30 септември 2018 да се одржи референдум за името кој ќе биде консултативен.

Референдумското прашање ќе гласи: „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција?“.

На гласањето не учествуваа пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, кои излегоа од собраниската сала откако нивниот пратеник Никола Мицевски го изнесе партискиот став дека референдумското прашање е непрецизно, повеќезначно и манипулативно за јавноста. Со тоа што е консултативен референдумот, рече тој, се отвора можност резултатот да се толкува како што се сака.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе два амандмана на Предлог одлуката за распишување референдум, но не присуствуваа кога беа ставени на дневен ред и беа одбиени на гласањето.

Одлуката за распишување на референдумот беше изгласана со мнозинство од вкупниот број пратеници.