Македонија 04. март 2020. / 09:35

Со нови сведоци на Боки денеска продолжува „Рекет“

Со нови сведоци на Боки денеска продолжува „Рекет“

Денеска треба да се сослушаат двајца нови сведоци предложени од Бојан Јовановски, на рочиштето за случајот „Рекет“.

И на вчерашното рочиште сведочеа три лица предложени од Боки, меѓу кои и стилистот Сергеј Варошлија. Тој  зборуваше дека Бојан Јовановски   добивал подароци од познати модни брендови за да ги рекламира, бидејќи бил инфлуенсер.

Зборуваше и дека од летото 2018 интензивно се дружеле со Зоран Милески – Кичеец, кој истиот така беше обвинет, но призна вина и доби три години затвор.

Сведочеа и Марија Јанковска, сопственичка на продавница за оптика во Скопје и Алекс Кртов, сопственик на галерија.

Адвокатот на Јовановски, Сашо Дуковски, вчера од листата на сведоци,ги повлече предлозите да сведочат екс градоначалникот на Општина Центар, Владимир Тодоровиќ, Дејан  Панделевски и сопругот на пратеничката Фросина Ременски, Јовче.

Со тоа листата на сведоци на Боки се намали на 9 лица. Поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, пак, има предложено 13 сведоци меѓу кои се и најголем дел од обвинителите кои работеа во СЈО.

Јовановски во случајот е обвинет за перење пари и за примање награда за противзаконито влијание, а Јанева за злоупотреба на службената положба и овластувања.