Македонија 30. јануари 2020. / 13:25

Со луксузната гардероба на Боки 13, Рускоска сака да докажува перење пари

Со луксузната гардероба на Боки 13, Рускоска сака да докажува перење пари

Обвинитеката Вилма Рускоска вели дека со презентацијата на гардеробата на обвинитетиот Бојан Јовановски сакаат да докажат перење пари. Таа вели дека не знае колку е вредноста на гардеробата бидејќи тоа не е нивно интересирање.

Во врска со обвинувањата на Јовановски за криминал од четири милиони евра во кој наводно и таа вмешана, Рускоска уште еднаш го повика да пријави до институциите.

– Го охрабрувам секој што има докази да пријави во полиција и не се сомневам дека професионално ќе си ја заврши работата, објасни Рускоска.