Велигден е најголемиот христијански празник, кој го одбележува и слави Христовото воскресение, а токму празниците се време кога треба да се заборават политичките несогласувања и борбата за власт, пренесе „skopje24.mk“.
Тоа најдобро го покажаа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев кои го дочекаа Велигден во Бигорскиот манастир и се кршеа со Велигденски јајца.
За жал не знаеме кој победил, односно чие јајце било посилно, но секако ова е една позитивна работа во политиката, кога гледаме дека барем за празник двата спротивни табора можат да седнат на иста маса.