Со доцнење од 40-тина минути почна 135-та собраниска седница со две точки на дневниот ред, предлог на Законот за Јавно обвинителство, по скратена постапка и предлог на Законот за изменување и дополнување на Законот за Совет на јавните обвинители, по скратена постапка.
Новата седница беше закажана откако претходно Владата го повлече законското решение кои изутрината го достави до пратениците.
Предлог законот влезе во собраниска процедура откако вчера власта уверуваше дека добила мнозинство од 80 пратеници, што е потребно за изгласување на Законот за ЈО.