Претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Јован Јаулески, кој за првпат се најде на пратеничка листа порача дека целиот ќе се вложи во борбата да се порази тиранијата во Макледонија.
Јаулески дава збор дека работите во земјава ќе се променат и дека ќе се врати достоинството на македонскиот народ.
– Ќе го цитирам големиот Винстон Черчил, кој рекол:
,,Немам друго што да ви понудам освен крв, труд, солзи и пот.”
Јас ви го давам и последниот мој атом, мојата последна капка пот и ви ветувам чесност, беспоштедна битка за да ја поразиме тиранијата која ни ја уништи Македонија, ни го избрка нашиот другар, брат, комшија од родната грутка и за жал – ни ја продаде татковината.
Ни го избриша сето она за кое крв се леело, ни го урна сето она кое со векови и камен по камен е градено.Стојам пред вас и ви давам збор дека сѐ ќе промениме.
Ќе победиме по секоја цена, ќе победиме во секој град, секое село, секое населено место и повторно ќе се врати достоинството на Македонецот.А победата ќе ја предводат младите, ќе ја донесат УМС, тие кои деноноќно се боревме и ќе се бориме и после 12 април – порача Јаулески.