Со 82 гласа „за”, без воздржани и против, Собранието на денешната 115-та седница по скратена постапка го донесе Законот за изменување и дополнување на Законот за исплата на платите во Република Македонија. Закон со кој се овозможува покачување од пет отсто на платите во јавната администрација.
Инаку, како што велат од Владата, ова е трето зголемување на платите во здравството и второ во армијата и образование и детските градинки.
Предлог законот, кој беше единствена точка на дневниот ред на 115-та собраниска седница, е поднесен од пратениците Јован Митрески, Ејуп Алими, Мерал Узеири Ферати, Неџбедин Каремани, Мирослав Јовановиќ, Јусуф Хасани и Јагода Шахпаска.