Македонија 01. април 2020. / 10:47

Снегот закана за кровот на мобилната болница кај Инфективната клиника

Снегот закана за кровот на мобилната болница кај Инфективната клиника

Врнежите од снег што ја зафатија Македонија предизвикаа проблеми со туку што поставената мобилна болница во дворот на Инфективната клиника.

Наврнатиот снег предизвика сериозно навалување на кровот од болничките шатори.

За таквата состојба реагираше членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Нелоски, кој преку социјалните мрежи праша за квалитетот на изработката на мобилната болница.