Македонија 22. мај 2018. / 14:49

Случај „Триста“: Девет години затвор за Ѓоко Поповски за незаконска набавка на возила

Случај „Триста“: Девет години затвор за Ѓоко Поповски за незаконска набавка на возила

Поранешниот помошник-министер во МВР, Ѓоко Поповски, за случајот „Триста“ е осуден на девет години затвор за незаконска набавка на 300 возила во периодот од 2008 до 2012 година, при што не ги почитувал законските прописи за јавна набавка.

Ова е пресудата што пред малку му ја изрече судијката Добрила Кацарска од Основниот суд Скопје 1, по обвинението на СЈО.

Поповски со одлука за најповолна понуда извршил избор на понуди од Порше, Кадис, Бохемија, Колевски и Автокуќа, иако тие не биле утврдени како најповолни понуди. Со ваквиот начин, од страна на МВР биле исплатени над 318 милиони денари или над 27 милиони денари повеќе од збирот на прворангираните на понудата.

Со ваквиот начин, оцени Судот, нанесена е штета на МВР од оглеми размери – 27 894 502 денари. Вештаците утврдиле дека проврангираните дале поповолни понуди, но и покрај тоа, извршена е набавката со помалку поволните.

Поповски треба да ја надомести нансесената штета на МВР во износ од 27.894.522 денари во рок од 15 дена. Исто така, судот го задолжи Поповски да плати и за останатите трошоци, вклучуваќки ги и вештачењата, во вкупен износ од 506.000 денари.

Обвинителката Фатиме Фетаи рече дека постои опасност од бегство на сега осудениот, а поради овие виоски износи надамест на штета, особено релативно високата изречена затворска казна, но и околноста на други двајца овиниети во предмет на СЈО се дале во бегство во соедна држава и до ден денешен не може да се води постапка против нив. Фетаи предложи против обвинетиот Поповски да се одреди мерка притвор како единствен механизам кој нуди доволна гаранција за обезбедување на негово присуство при водење на постапката.

Одбраната се спротистави на мерката притвор, а како образложение ја наведе неговата здравствена состојба и тоа дека Поповски е семеен човек.

Освен тоа, целокупниот негов имот е замрзнат со одлука на судот.

Судот најави дека одлуката за барањето на СЈО за одредување притвор за Поповски до правосилноста на пресудата ќе ја соопшти за 40 минути.