Македонија 10. април 2018. / 22:09

Случај „Тенк“: Груевски во судница 10 часа

Случај „Тенк“: Груевски во судница 10 часа

Поранешниот премиер Никола Груевски од утрово е во судница. Рочиштето за „Тенк“ денес почна од 09:30 часот и се уште трае.

Во моментот после 10 часа од рочиштето за случајот „Тенк“ продолжува судењето со преслушување на бомбите.

Патем, Судот ги одби сите барања и приговори на одбраната.

Апелацискиот суд го одби барањето на одбраната на дел од обвинетите за случајот „Тенк“ за изземање на претседателот на Кривичниот суд Иван Џолев. Тој, пак, го одби барањето за изземање на Судечкиот совет за истиот предмет.

Беше одбиено да не се изведуваат јавно материјалите, а не беше прифатено ниту да се издвојат осум аудио снимки од листата на докази бидејќи истите се веќе јавно објавени.

Одбиено е и барањето да се исклучи јавноста од судењето. Судот го одби и приговорот околу тоа дека снимките не треба да ги репродуцира лице вработено во судот.

Обвинетите бараа потврда на автентичноста на разговорите. Тие ја спорат вистинитоста, бараат доказ дека тоа се нивните гласови, дека континуитетот на разговорите не е менуван, бараат потврда за точноста на времето кога почнале и кога завршиле. Беше одбиена и потребата од докажување на автентичноста на снимките.