Оваа влада ќе падне пред завршетокот на мандатот, рече на денешната прес конференција лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Тој оцени дека кадрите на новото владејачко мнозинство се компромитирани и трансициски и оти настапуваат со истите ветувања коишто ги ветиле, а не ги исполниле во нивниот претходен мандат.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ најави и едка на СДСМ и на Зоран Заев им претстои жешка есен.
„Ова е почеток на крајот на СДСМ. Оваа влада нема иднина и ќе падне пред завршетокот на својот мандат на граѓански протести…како ќе се однесува ВМРО, со жестока критика на страна на народот, со организирани масовни граѓански протести. Бидејќи ова не е само моја битка, ова е битка на народот против неодговорната и криминална влада“, рече Мицкоски.
Тој додаде дека економијата ќе продолжи да слабее, а сиромаштијата ќе се зголемува.