Македонија 18. септември 2020. / 08:43

Следната недела ќе се одлучува за отворање на границите

Следната недела ќе се одлучува за отворање на границите

Министерот за здравство Венко Филипче најави дека државите од регионот се очекува следната недела да одлучат за слободен премин и отворање на границите.

Промената на режимот на слободно движење на граѓаните од регионот ќе има епилог на следната онлајн средба меѓу земјите од Западен Балкан, Бугарија и Грција, иако ставот на здравствените власти беше ист и минатата недела.

Филипче во емисијата „Патот кон“ на ТВ Алсат-М, истакна дека властите на зејите од регионот најавија координативен совет за заедничко дејствување во донесувањето одлуки за борба против пандемијата, бидејќи епидемиолошката состојба е слична во целиот регион. Но оти, претходно треба да се укине условот за ПЦР-тест, за да се премине границата.

Се очекува координатор на македонското Министерство за здравство, следната недела, пред преставниците на другите држави да ја претстави состојбата со ковид-19 во Македонија, по што на нов состанок ќе треба да се договори заедничка политика за границите.