Македонија 02. јуни 2020. / 11:05

Скопски Чаир има повеќе активно заразени и од Куманово и Штип

Скопски Чаир има повеќе активно заразени и од Куманово и Штип

Скопската населба Чаир според последното ажурирање на податоците има 81 активен случај на заразени со Ковид-19. Единственот Тетово со 83 заболени има повеќе, покажуваат податоците на Институтот за јавно здравје.

Важно да се напомене е дека кога е во прашање Тетови, таму се бројат активните случаи во градот и пет рурални општини.

Чаир има повеќе активни случаи од било која друга општина во Македонија. Според последните бројки Штип има 68 активни случаи по што следуваат Куманово 55, Дебар 43, Прилеп 30, Велес 27, Струга 13 активни случаи. Во Град Скопје вкупно има 298 активно заболени.

Други скопски општини кои изминатите денови бележат раст на новозаразени се Бутел, Гази Баба, Сарај и Аеродром. Здравствените власти велат дека во случаите во скопските општини станува збор за претежно веќе познати семејни кластери, кои пред сè се заразиле на семејни вечери.