Скопје повторно предничи според бројката на нови заболени од Ковид-19 во земјава. Од вкупно регистрирани 90 новозаболени во последните 24 часа, во главниот град се регистрирани 36 случаи.
Што се однесува до распределбата на болни по општини и натаму најмногу активни случаи има во Чаир.
Активни случаи по општини Скопје заклучно со вчера (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје):
• Чаир – 394
• Аеродром – 135
• Бутел – 144
• Гази Баба – 156
• Центар – 137
• Карпош – 116
• Сарај – 137
• Кисела Вода – 98
• Ѓорче Петров – 83
• Студеничани – 86
• Шуто Оризари – 73
• Арачиново – 55
• Илинден – 31
• Петровец – 14
• Чучер Сандево – 16
• Сопиште – 13
• Зелениково-2
• Странец – 4
• Нераспределен-4
Денешните податоци на министерството за здравство покажуваат дека по Скопје, со двоцифрен број новозаболени следуваат Охрид со 13 и Струга со 1о заразени.
Распределбата на новозаболени во другите градови е следната: Штип – 8, Ресен – 6, Тетово – 4, Куманово – 2, Велес-2, Битола – 2, Кочани-2, Свети Николе – 2, Гостивар – 1, Крушево – 1, Пробиштип – 1.
Со денешните 90 нови9 случаи, вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 5.196, бројката на починати е 247 а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.975.