Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.470 тестирања, а регистрирани се 168 нови случаи на Ковид-19. Од нив најмногу има во Скопје (83) и во Тетово, каде што има 26.
Во останатите градови денешните бројки не надминуваат десет случаи, а нивната распределба е следната:
Куманово-8, Дебар-2, Штип-6, Прилеп-3, Струга-5, Битола-2, Охрид-8, Гостивар-8, Крива Паланка-1, Крушево-1, Кочани-1, Пробиштип-2, Македонски Брод-1, Свети Николе-4, Кичево-6, Ресен-1.
Починати се 3 лица, двајца пациенти од Скопје и еден од Гостивар.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа двајца пациенти на возраст од 66 и 70 години. Во ГОБ „8 септември“ почината е пациентка на 63 години по приемот, кај која вирусот е потврден постмортем.
Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 3656, активни 1928
• Куманово 818, активни 179
• Дебар 120, активни 67
• Штип 411, активни 166
• Прилеп 289, активни 58
• Тетово 831, активни 351
• Струга 288, активни 187
• Велес 198, активни 36
• Битола 65, активни 24
• Охрид 218, активни 189
• Кавадарци 22, активни 15
• Гостивар 188, активни 115
• Гевгелија 12, активни 3 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)
• Струмица 18, активни 10
• Крива Паланка 18, активни 12
• Радовиш 4, активни 0
• Крушево 8, активни 4
• Кочани 76, активни 17
• Пробиштип 30, активни 19
• Демир Хисар 3, активни 2
• Македонски Брод 7, активни 5
• Пехчево 6, активни 2
• Берово 3, активни 0
• Валандово 6, активни 2
• Виница 4, активни 1
• Делчево 1, активни 0
• Кратово 6, активни 3
• Свети Николе 58, активни 51
• Кичево 58, активни 49
• Ресен 129, активни 88
• Неготино 21, активни 3 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 9 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 92 пациенти. На кислородна поддршка се 62 пациенти, нема пациенти на респираторна машина.
Во болницата во Козле се хоспитализирани 20 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 2 деца позитивни и 3 суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 16 нови, вкупно хоспитализирани се 94 пациенти. На респираторна машина се 4 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 44, а во болницата во Штип се хоспитализирани 47 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар и Струмица се хоспитализирани 110 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7.572, бројката на починати е 362, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3586.