Македонија 28. август 2020. / 11:53

Скендер Асани: Застрашувачки е антисемитскиот јазик на весникот КОХА!

Скендер Асани: Застрашувачки е антисемитскиот јазик на весникот КОХА!

Скендер Асани на својот фејсбук профил објави текст во кој се осврнува на антисемитскиот јазик во весникот КОХА.

Асани е историчар, кој е директор на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците. Тој е доктор на историски науки, автор на неколку научно-историски книги, претседател на Здруженето на историчари Албанци во Македонија и редовно вработен во Институтот како научен работник од 2008 година.

 

Застрашувачки е антисемитскиот јазик на весникот КОХА!

За својата реализирана работа, Институтот за Духовно и Културно Наследство на Албанците (ИДКНА) се чувствува загрозено и згрозено од говорот на омраза, кој се шири преку весникот КОХА (напис со наслов: „Институтот што ги посрамоти Албанците“, 28-ми август, стр. 2-3). За жал, овој весник наместо да остави повеќе простор за нашата обемна работа, која многу тесно е поврзана со истражувањето и проучувањето на настаните и процесите низ кои поминувало нашето општество, тој стана портпарол на една оркестрирана кампања, оставајќи и давајќи простор за многу проблематични изјави и содржини (од горенаведениот текст) во врска со функционирањето на Одделот за проучување и едукација за Холокаустот.
Весникот КОХА преку анонимни „научни работници“ дошол до апсурден заклучок дека ние како ИДКНА наводно сме ја напуштиле основната цел за која бевме основани – да се занимаваме само со албански теми, и сме направиле голема грешка што во рамките на нашиот Институт го отворивме исто така, Одделот за проучување и едукација за Холокаустот.

Тој истакнува дека тие како Институт, исто така, направиле грешка што се занимавале со справувањето и осветлувањето на албанското просветителство, кое преку Протестантизмот дојде во териториите каде живеат Албанците во Балканот.

Весникот КОХА и сите негови измамнички советници, треба да знаат и да бидат свесни дека ние како ИДКНА објавивме неколку дела за ова просветителство, фокусирајќи се на колосалното дело направено од благородното семејство Ќиријази и цела констелација на албанските интелектуалци, кои биле образовани и инспирирани во духот на ова просветителство. Битолскиот Конгресот на азбуката, кој го одбележа првото духовно обединување на Албанците и отворањето на првото училиште за девојчиња во Корча, беа две светли точки на бурното небо на албанската историја на почетокот на 20 век., кога културниот и духовниот идентитет на Албанците беше зачуван од асимилаторските бури на грабливите соседи, токму од чесните претставници на протестантското движење за просветителство на сите територии, каде што живееја Албанците на Балканот, пишува Асани.

Но, се чини дека овој наш опсег на некого му пречел, и не знаевме дека токму весникот КОХА ќе стане контејнер на овие антисемитски реакции кон нас како Институт, ставајќи го во прашање нашето легитимно право да го проучуваме и истражуваме Холокаустот, и сè што е поврзано со страдањата на Евреите за време на Втората светска војна, каде што Албанците дадоа колосален придонес во нивното спасување од убиствената нацистичка рака, потенцира Асани.

Со цел оваа загриженост да стане уште поголема, овој весник им дава простор и на несовесните искази на политичките претставници, кои преку антисемитски дискурс шират говор на омраза и со тоа стануваат раскажувачи на некои лоши времиња низ кои поминале Евреите. Дел од овој дискурс, кој го промовира весникот КОХА, стана и портпаролот на Движењето Беса, Елмедин Мемиши, кој јавно прашува: Како е можно Институтот за Духовно и Културно Наследство на Албанците да се трансформира во Институт за Холокауст и Протестантизам?
За жал, еден медиум кој како компас за ориентација треба да го има непристрасното новинарство, толку лесно станува плен на обичната алчност на круговите на кои им пречи западното усогласување на Албанците и вредностите што ги претставува оваа ориентација. Во еден весник како КОХА, каде антисемитизмот станува оружје за заплашување на водачите на ИДКНА за да се откажат од проучувањето на Холокаустот, претставува голем проблем за едно општество како нашето, кое не смее да биде загрозено од говорот на омраза и антисемитизмот.
Жалосно е како се искористуваат проблемите во текот на денот за да се нападне еден Институт, кој е шампион и лидер во култивирањето на толеранцијата и верските слободи, факт кој е исто така вклучен во последните два извештаи на американскиот Стејт Департмент.
ИДКНА во Скопје, и покрај оваа оркестрирана кампања, нема да се откаже од неговата главна цел за унапредување на научната мисла во уште повисоки нивоа, преку обезбедување на архивски и документарни податоци за настани и процеси, кои се помалку познати во пошироката јавност, исто како што тоа го правеше и во последните денови додека го изнесе на виделина тематскиот корпус за Сагата на Албанските Католички семејства во Скопје, каде што Бојаџиеви на Света Мајка Тереза го заземаат централното место.
ИДКНА со сериозни проекти ќе продолжи и во иднина да ги разочарува сите оние, кои очекуваат дека ќе се откажеме од нашиот опсег што претставува и наша вистинска духовна вертикала.